Дома Фудбал Англија Агуеро доби јасна порака: Ако сака нов договор мора да се докаже

Агуеро доби јасна порака: Ако сака нов договор мора да се докаже

На Серхио Агуеро му истекува договорот со Манчестер Сити на крајот од сезоната и истиот би можел да не биде продолжен.

Иако Агуеро важи за ѕвезда на „граѓаните“ сепак не е сигурен. Имено, Пеп Гвардиола во изјава за британските медиуми порача дека Агуеро мора да се докаже за да остане дел од тимот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Серхио мора да докаже дека заслужува да остане тука како секој од нас. Мора да продолжи да игра на високо ниво и да постигнува голови. Потоа клубот и јас ќе донесеме одлука“, изјави Гвардиола.

Агуеро во Манчестер Сити пристигна пред девет години од Атлетико Мадрид во трансфер вреден 40 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Меси го даде најинтимно интервју во кариерата: Аргентинецот откри што сака да прави кога ќе се пензионира

Лионел Меси, еден од најголемите фудбалери на сите времиња, во неодамнешното интервју ја п…