Иднината на Герет Бејл повторно е актуелна тема и ова лето, но според зборовите на неговиот агент Велшанецот нема да го напушти Реал Мадрид.
Бејл падна во втор план кај Зидан, а после честите испади и навивачите сакаат да му го видат грбот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, нема друг клуб кој во моментов е спремен да му дава 17 милиони евра плата, а Бејл не сака да се откаже ниту од еден цент.
„Герет е мирен, добро му е, има договор на уште две години во Реал. Убаво му е во Мадрид и нема намера да оди никаде. Тој е еден од најдобрите играчи во тимот, но Зидан ги носи одлуките“, изјави агентот Барнет.
„Секогаш има понуди за Бејл, но проблем е што малку клубови во светот можат да си го дозволат. Штета е што моментално не е во првиот тим на Реал, но воопшто не размислува за заминување поради тоа“, додаде агентот.