Дома Трансфер зона Агентот: Пашалиќ сака да остане во Милан!

Агентот: Пашалиќ сака да остане во Милан!

Марио Пашалиќ е фудбалер на Челзи кој игра на позајмица во Милан, а неговиот агент потврди дека Хрватот сака да остане на „Сан Сиро“.

21-годишниот Пашалиќ игра одлично во дресот на Милан оваа сезона, што колуминираше со одлучувачкиот пенал со кој му донесе трофеј во Суперкупот на „росонерите“.


Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓


Неговиот агент тврди дека играчот е „заљубен“ во Милан, ужива во градот и сака долгорочно да остане на „Сан Сиро“.

„Марио е многу горд што има можност да игра за голем клуб како Милан. Тој е заљубен во клубот и сака да остане, но тоа зависи од многу фактори, пред се од Челзи. Млад е и има многу место за напредок. Двата клуба ќе разговараат на крајот на сезоната па ќе видиме што ќе се случи“, истакна агентот на Пашалиќ.

Пашалиќ одлично се снајде во младиот тим на Милан, а на Апенините веќе го нарекуваат „новиот Модриќ“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал спрема понуда за Влаховиќ

Арсенал е во потрага по врвен напаѓач, а најголема желба на тренерот Артета е ѕвездата на …