Филипе Кутињо нема да биде откупен од страна на Баерн Минхен, па неговиот агент е во потрага по нов клуб за Бразилецот.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Јасно е дека за Кутињо нема повеќе место во Барселона, која сака со неговата продажба да заработи ова лето.
Агентот на Бразилецот, Киа Јорабчијан најави дека прва опција ќе биде враќање во Премиер лигата.
„Не е тајна дека сака да се врати во Англија ако може. Обожава да игра во Премиер лигата и мислам дека тоа е еден од неговите приоритети, но исто така не е против да остане во Барселона. Има многу интерес затоа што тој е одличен играч“, изјави Јорабчијан.
Најсилен интерес за Кутињо покажува Арсенал, а Барса е отворен за трампа бво која ќе биде вклучен Гендузи плус 50 милиони евра.