Менаџерот на Џанлуиџи Буфон откри интересна информација.
Џанлуиџи Буфон во наредната сезона ќе брани за Парма, а Силвано Мартина откри дека Црвена Звезда се обидела да го доведе легендарниот голман.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Буфон ова лето се најде на пазарот откако се раздели со Јувентус и се одлучи за враќање на „Енио Тардини“. Буфон имал понуди од повеќе страни, една била од Звезда.
„Имавме повеќе понуди, зборуваме за шест-седум клубови, меѓу нив беа три бразилски клуба. Нивните понуди беа добри, но не ги земавме во предвид од семејни причини. Пред да потпишеме за Парма не побара и Црвена Звезда. Враќајќи се од Рим поминав кај него и тогаш ми кажа дека поминувајќи низ Парма почувствувал силни емоции и сфатил дека тоа е клубот во кој сака да игра“, изјави Мартина.