Дома Фудбал Лига на шампиони Грнчаров: Ако сега не сме подготвени, кога ќе бидеме

Грнчаров: Ако сега не сме подготвени, кога ќе бидеме

Македонскиот шампион веќе е во Копенхаген и во овие моменти го одработува својот последен тренинг пред утрешниот меч, кој е од клучно значење, од историја.

Капитенот на Вардар, ги потенцираше своите очекувања непосредно пред историскиот меч утре во Копехаген.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„Вардар утре мора да нападне, важно е да се постигне барем еден гол. Ако утре постигнеме гол, Вардар оди понатаму“, истакна вардаровиот капитен.

На прашање дали тимот е подготвен да оствари историски успех, Грнчаров несомнено беше оптимист.

„За овој меч сме подготвени, ако не сме сега, кога ќе бидеме“, заклучи Грнчаров.

Вардар утре на гости ќе го одигра реванш дуелот против Копенхахен во рамки на третото квалификациско коло од ЛШ, а натпреварот е закажан за 20:00ч.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Валверде по лудниот натпревар против Манчестер сити веднаш добил порака од Анечлоти – откриено што му кажал Италијанецот!

Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Карло Анчелоти (66), сподели каква порака му испратил н…