Дома Фудбал Англија ФОТО: Како ќе изгледа составот на Арсенал следната сезона?

ФОТО: Како ќе изгледа составот на Арсенал следната сезона?

Арсен Венгер во мај потпиша нов договор, а навивачите на овој клуб се надеваат дека Французинот конечно следната сезона ќе направи нешто во врска со борбата за титулата.

„Топчиите“ се навикнаа на фудбалот во ЛШ, но следната сезона нема да уживаат во најсилното клупско натпреварување, но се надеваат дека Венгер сега ќе ја нападне титулата, без разлика колку е тешко тоа да се постигне во друштвото со Сити, Челзи или Јунајтед.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во секој случај, доколку не си заминат Алексис Санчез и Месут Озил, во Арсенал можат да бидат оптимисти и многу зависи од тоа кој ќе си замине. Треба да се има на ум дека би можел да пристигне Александре Лаказет од Лион или Килијан Мбапе од Монако, со што ќе се подобри нападот, а веќе пристигна Сеад Колашинац како засилување во одбраната.

Колашинац ќе игра на левата страна во одбраната, спротивно од Хектор Белерин, додека триото во одбраната ќе го прават Холдинг-Мустафи-Кошчиелни. Централниот дел ќе биде пополнет од Ремзи и Џака, поофанзивни ќе бидат Озил и Санчез, а во нападот ќе биде Лаказет, доколку завршат преговорите со Лион. Уште неколку играчи се поврзуваат со Арсенал и има уште време некој од нив да пристигне на „Емирати“.

Навивачите на Арсенал сакаат да видат уште некое ново име во овој состав и титулата не е далеку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Се појави анализа со гол-технологијата: Барселона била оштетена во „Ел Класико“! 🎥

На социјалните мрежи беше објавена анализа со гол-технологијата за спорниот момент во „Ел …