Дома Трансфер зона Роналдо им соопштил на соиграчите зошто сака да си замине од Мадрид

Роналдо им соопштил на соиграчите зошто сака да си замине од Мадрид

„Си заминувам од Реал Мадрид, одлучив. Нема да се предомислам“, им рекол Кристиано Роналдо на своите соиграчи од репрезентацијата на Португалија.

Како што пишува Марка, Роналдо токму со овие зборови го запали најголемиот оган кога станува збор за трансферите кои се пред нас.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најдобриот фудбалер во светот, четирикратниот освојувач на Златната топка, најверојатно ќе го напушти Реал Мадрид откако беше објавено дека Роналдо е незадоволен од третманот на властите спрема него.

Сетоа ова се случи по веста дека Роналдо е под истрага за даночно затајување од 14,7 милиони евра од периодот 2011. до 2014. година.

Сепак, како што пренесува „Sky Sport“, Роналдо се доверил на соиграчите велејќи им дека во Реал го нема почитувањето кое го заслужува. Исто така, незадоволен е од третманот на клубот во целата приказна околку затајување на данокот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед со богата понуда за Рабио

Манчестер Јунајтед спрема  понуда за ѕвездата на Јувентус и француската репрезентациј…