Челзи се приклучи во трката за потписот на ѕвездата на Аталанта и холандски репрезентативец, Туен Копмајнерс.
25-годишниот Холанѓанец се етаблираше во еден од најдобрите играчи за врска во Серија А, па и самиот сака да направи чекор напред во кариерата.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Скаути на Челзи го следеле Компајнерс на дуелот со Ливерпул во Лига Европа и останале импресионирани, па сакаат да ја победат конкуренцијата за неговиот потпис.
Аталанта е свесна дека нема да може да го задржи и е спремна да го продаде на лето, но за неговата слобода ќе бара 70 милиони евра.
Сепак, Челзи ќе мора да ја победи конкуренцијата бидејќи за Холанѓанецот интерес покажуваат уште Ливерпул, Јувентус и Манчестер Јунајтед.