Дома Фудбал Роналдо е гладен за трофеи: Сакаме да ја освоиме и Ла Лига и Лига на Шампиони

Роналдо е гладен за трофеи: Сакаме да ја освоиме и Ла Лига и Лига на Шампиони

Фудбалерите на Реал синоќа успеаа да се квалификуваат во финалето од Лигата на Шампионите, иако во 16. минута сето тоа изгледаше многу лошо за „кралевите“ бидејќи Атлетико успеа да постигне два гола на самиот почеток од натпреварот.

Сепак, Реал успеа да се справи со тоа и обезбеди место во финалето каде што ќе ги одмери силите со Јувентус. Роналдо беше задоволен од постигнатите резултати на својата екипа и смета дека Реал заслужува да игра во финалето.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Мислам дека заслуживме да се пласираме во финалето бидејќи бевме подобри од Атлетико во двата натпревари. Знаевме дека требаше да постигнеме само еден гол, а тоа го направивме и влеговме во натпреварот многу помирно“, изјави Роналдо.

Португалецот не сака да ја освојат само европската титула, туку и домашното првенство.

„Сакаме да ја освоиме и Ла Лига бидејќи премногу долго време ја чекаме, а секако дека и покрај неа го сакаме трофејот во ЛШ“, додаде Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вознемирувачко видео: Навивач на ПСВ остана без прсти откако му пукна бакља во раце 🎥

Тимот на ПСВ зад себе има фантастична сезона во која стигна до својата 25. титула во клупс…