Дома Топ вести Мурињо испрати понуда за Мората, Реал го шокира!

Мурињо испрати понуда за Мората, Реал го шокира!

Изминатите денови медиумите пренсоа дека Алваро Мората е главната трансфер цел на Жозе Мурињо откако пропадна трансферот на Гризман во Манчестер Јунајтед.

Добро информираните шпански медиуми пренесуваат дека Мурињо веќе испратил официјална понуда до Реал Мадрид која изнесувала 60 милиони евра.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Меѓутоа, актуелниот европски шампион експресно ја одбил понудата и му порачал на „црвените ѓаволи“ дека ќе го пуштат Мората само за 90 милиони евра.

Оваа сезона Мората главно ја грееше клупата за резерви, но сепак постигна 20 гола за Реал во сите натпреварувања.

„Скај Спорт“ пренесува дека Манчестер Јунајтед не е спремен да плати толкава сума за Мората и дека ќе чека во наредните денови фудбалерот сам да побара трансфер.

Со оглед на големиот интерес на „кралевите“ кон Де Геа можно е двата клуба да договорат размена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челзи му нуди трампа на Наполи: Лукаку и пари за Осимен

Фудбалерот на Наполи, Виктор Осимен е eден од најбараните на фудбалскиот пазар и ова лето …