Дома Трансфер зона Мората нема да биде единствен, Мурињо создава пеколен тандем!

Мората нема да биде единствен, Мурињо создава пеколен тандем!

Жозе Мурињо има намера да направи сериозен напаѓачки тандем, а има неколку опции.

Алваро Мората е блиску до преминување во Манчестер Јунајтед и тешко дека некој ќе успее нешто да промени.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Португалецот има намера да доведе уште еден напаѓач покрај Мората, а во најтесниот избор се Хари Кејн, Ромелу Лукаку и Андреа Белоти.

Според „Мирор“, Жозе Мурињо сака Алваро Мората да го спои со Хари Кејн од Тотенхем. Кејн зад себе има фантастична сезона, покажа дека веројатно е најдобриот напаѓач во Премиер лигата, па неговата цена сигурно нема да биде мала. Познато е дека Тотенхем е тежок преговарач, а се очекува за Кејн да бараат околу 130 милиони евра.

Доколку не успее да го доведе Кејн, Мурињо има уште неколку опции, а секоја од нив е околу 100 милиони.

Се споменува Ромелу Лукаку кој е на мета на Челзи. Јасно е дека Евертон тешко ќе го задржи Белгиецот. Единствено за што во Јунајтед се сомневаат е дали Лукаку и Мората би можеле да играат заедно, Кејн според карактеристиките е далеку подобра опција.

Последен на листата е Андреа Белоти од Торино. Италијанецот исто така е еден од најбараните ова лето, се споменуваше Арсенал, но Венгер сега се сврте кон други опции.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…