Дома Фудбал Лига на шампиони Коке со закана до „Кралевите”: Веќе еднаш ве победивме со 4:0!

Коке со закана до „Кралевите”: Веќе еднаш ве победивме со 4:0!

Еден од најдобрите фудбалерите на Атлетико Мадрид смета дека се уште ништо не е решено и верува во победа и пласман во финалето.

„Јорганџиите” утре го пречекуваат градскиот ривал во реванш натпреварот од полуфиналето во Лигата на шампионите и ги очекува тешка задача да надополнат три гола разлика од првата средба.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Атлетико веќе еднаш го победи Реал со 4:0, а тоа се случи во февруари 2015 година во натпревар од шпанската Примера.

„Ние веќе еднаш ги победивме со 4:0 на Висенте Калдерон и тогаш за нив настапуваше Кристијано Роналдо. Никогаш ништо не се знае во фудбалот, а тоа најдобро го почувствува ПСЖ. Ќе продолжиме да се бориме”- изјави  Коке.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Проблем за Тухел: Баерн ослабен во реваншот против Реал Мадрид

Во среда на програмата во Лигата на шампионите е реваншот помеѓу Реал Мадрид и Баерн Минхе…