Дома Фудбал Лига на шампиони Бутрагењо: Мечот на Бернабеу клучен, ќе одлучуваат детали!

Бутрагењо: Мечот на Бернабеу клучен, ќе одлучуваат детали!

Директорот на Реал Мадрид, Емилио Бутрагењо смета дека во двомечот со Атлетико Мадрид ќе одлучуваат детали и дека клучен ќе биде првиот дуел на „Сантиаго Бернабеу“.

Атлетико никогаш не го елиминирал Реал во европските натпреварувња, а ги загуби двете последни фуналиња во ЛШ 2014 и 2016 година.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Секоја година е поинаку, секој натпревар е поинаков. Добро се познаваме. Атлетико одлично ги користи грешките на противникот, има одлични напаѓачи и е многу силен во одбрана. Во вакви натпревари една мала грешка може да реши се, концетрацијата мора да биде на највисоко можно ниво“, изјави Бутрагењо.

„Во теорија ревашот дома може да биде предност, но се зависи од резултатот во првиот натпревар. Мораме да одиграме одлично дома и да се избориме за добар резултат. Сепак, мораме да одиграме два одлични натпревари, ако биде така одиме во финале без сомнеж“, заклучи директорот на „кралевите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Се појави анализа со гол-технологијата: Барселона била оштетена во „Ел Класико“! 🎥

На социјалните мрежи беше објавена анализа со гол-технологијата за спорниот момент во „Ел …