Дома Трансфер зона „Џокерот“ на Челзи кој постигнува гол на секои 70 минути оди на позајмица?

„Џокерот“ на Челзи кој постигнува гол на секои 70 минути оди на позајмица?

Конте не може да му гарантира поголема минутажа, па така ова можеби е најдобро решение…

Мичел Батшуаи последниот натпревар во Премиер лигата го одигра кон крајот на октомври против Бурнемоут и јасно е дека е незадоволен со својот статус.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Последен пат настапи минатата недела во натпреварот од последното коло во групната фаза од Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид кога Конте му даде шанса на местото на Мората.

Од почетокот на сезоната беше стартер на само пет натпревари во сите натпреварувања.

Постигна седум погодоци за помалку од 500 минути поминати на теренот, па според тоа постигнува погодок на секои 70 минути. Поради тоа смета дека заслужува повеќе да игра, но Антонио Конте очигледно не мисли така.

Во овој момент позајмицата изгледа како најдобро решение за двете страни…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…