Стивен Џерард напарви вистински погодок со доведувањето на Кутињо во Астон Вила.
Бразилецот игра одличен фудбал и потсетува на најдобрите денови. Англиските медиуми пренесуваат дека во Астон Вила Џерард ќе се обиде да доведе уште еден поранешен играч на Ливерпул.




Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Станува збор за Луис Суарез кој како што стојат работите ќе го напушти Атлетико Мадрид. Суарез ја игра втората сезона во Атлетико, договорот му завршува на крајот на сезоната и ќе си замине без оштета.




Сепак, прашање е дали Астон Вила може да им парира на богатите американски клубови кои досега покажаа најголем интерес за Уругваецот.