Дома Трансфер зона Џексон Мартинез конечно пронајде нов клуб

Џексон Мартинез конечно пронајде нов клуб

Џексон Мартинез своевремено важеше за голема ѕвезда, но кога сите очекуваа да го достигне својот врв, тој застана – замина во Кина.

Носејќи го дресот на Порто ги тероризираше противничките мрежи, а 2015. година беше продаден во Атлетико Мадрид за нешто повеќе од 35 милиони евра.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Сепак, после само пола сезона во дресот на Атлетико одлучи да го напушти клубот и да замине по “кинеските милиони.“

Во зимата 2016. година замина во Кина за 42 милиони евра, а неговата кинеска авантура очигледно помина неславно. Посакуваше Мартинез да се врати во Европа, но никако не можеше да најде соодветен клуб.

Сепак, денеска овој 32 годишен играч конечно најде нов ангажман, па така Мартинез од денеска е на позајмица во португалски Портимоненсе, клуб чија понуда пред неколку години немаше ни да ја погледне.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Португалците емотивно се простија од Жота: Загубивме двајца шампиони!

Вистински шок во фудбалскиот свет пристигна утрово со смртта на Португалецот, Диого Жота к…