![](https://sportski.mk/wp-content/uploads/2025/02/screenshot-2025-02-06-133759-850x491.jpg)
Поранешниот капитен на Челзи, Џон Тери, откри против кој напаѓач најмногу мразел да игра. Тоа е славниот француски напаѓач Тјери Анри.
Во првиот тим на Челзи влезе на почетокот на векот во исто време кога Анри беше на врвот на својата моќ, истакнувајќи се како најдобар играч во Премиерлигата..
Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓
Тие двајца имаа возбудливи битки за време на францускиот престој во Англија, а еден против друг играа вкупно девет пати.
Тери е тој кој може да се пофали дека на крајот излезе како победник со три победи, четири нерешени и два порази. Во тие натпревари, Анри постигна три гола и забележа една асистенција, додека Тери постигна два гола.
Поранешниот англиски дефанзивец дури призна дека поради Анри често имал непреспиени ноќи.
„Буквално поради него имав непреспиени ноќи. За мене, кога само што пристигнав во тимот на Челзи, тој беше најдобриот.“
„Тогаш, Арсенал беше еден од најдобрите тимови во Премиер лигата, ако не и во светот. Едноставно, имаше сè: брзина, сила, можеше да постигне голови со двете нозе, со глава.“
„Тој беше некој за кого мораше постојано да бидам на готовс и водев некои навистина големи битки со него.“
„Секогаш беше одличен со мене; секогаш ќе ме прегрнеше по натпреварот и ќе ми речеше: ‘Слушај, само обиди се и направи го ова’… таквите работи немаат цена. Беше брилијантен за мене и на теренот и надвор од него.“