Кина повеќе нема да привлечна дестинација за големите имиња од европскиот фудбал.
Како што сега стојат работите ќе следи вистински егзодус од Кина. Имено, Фудбалската Федерација донесе одлука дополнително да ги намали платите на професионалните играчи, како на домашните така и на странците.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Имено, до минатата година преполовена беше сумата која можат да добијат домашните фудбалери на 10 милиони јуани, сега ќе биде на пет. Во прашање се 630.000 евра годишно, клубовите кои ќе го прекршат ова правило ќе бидат строго казнети.
Но, новина е и дека странците повеќе нема да сметаат на големи плати. Максималниот износ ќе биде три милиони евра бруто што значи ќе видиме голем број заминување.
Ногата ја повлече Хулк кој веќе потврди дека ќе се врати во Европа. Што да кажеме за Грацијано Пеле кој во Шандог добив 15 милиони евра годишно. Италијанецот договорот му истекува на крајот од годината и многу веројатно после ова нема да го продолжи.
Како што изјави претседателот на сојузот поради последиците од пандемијата ова ограничување ќе важи до 2023 година.