Дома Трансфер зона Њукасл се врати во елитата – сега спрема хаос на трансфер пазарот!

Њукасл се врати во елитата – сега спрема хаос на трансфер пазарот!

Рафа Бенитез и неговиот Њукасл наредната сезона ќе играат во Премиер лигата, а сопствениците на клубот веќе одредија голем трансфер буџет за реконструкција на тимот.

Како што пренесуваат англиските медиуми Њукас сака да донесе неколку звучни засилувања, а веќе се познати имињата на двете најголеми ѕвезди. Имено на радарот на англискиот гигант се наоѓаат двајца фудбалери на Манчестер Сити – Мангала и Фернандо.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Нивните трансфери во Њукасл се сосема реална опција со оглед на фактот дека за нив нема повеќе место на „Етихад“, а единствен проблем би можела да претставува нивната плата.

Доколку пристигнат овие двајца фудбалери сигурно ќе бидат огромно засилување за Њукас, но и мамка за пристигнување на следни големи имиња.

Англиските медиуми тврдат дека Њукасл ќе биде еден од најактивните клубови во летниот преоден рок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…