Инвестицискиот фонд од Саудиска Арабија и официјално го презеде Њукасл и е спремен да вложи голема сума во тимот.
Англиските медиуми пишуваат дека Њукасл ќе може да потроши меѓу 200 и 250 милиони евра во зимскиот преоден рок, а така нема да го загрози финансискиот фер-плеј (ФФП).
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Прва мета е Мауро Икарди, кој не добива голема минутажа во ПСЖ и е спремен да ја промени средината, а Њукасл му нуди богат договор.
На списокот се уште Кејлор Навас, голманот на ПСЖ кој после доаѓањето на Донарума може да ја промени средината.
Голема желба на Њукасл е и Герет Бејл, кој ја игра последната сезона во Реал Мадрид, а богатите шеици се спремни да му ја понудат истата плата која ја заработува во моментов.
Покрај овие имиња Њукасл ќе се обиде во јануари да го донесе и Филипе Кутињо од Барселона.