Новопечениот англиски богаташ Њукасл во јануари испратил понуда од 100 милиони евра за напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен, пренесува „Кориере дело Спорт“.




Парите не се проблем за Њукасл после доаѓањето на арапските сопственици и во зимскиот преоден рок сакаа значително да го засилат тимот.




До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Меѓу фудбалерите кои Њукасл се обидел да го купи е и Осимен, за кого понудиле 100 милиони евра.
Меѓутоа, Наполи ја одбил понудата, а и самиот Осимен не бил заинтересиран за преселба во клуб кој се бори за опстанок во Премиер лигата.




Сепак, се очекува на лето Њукасл повторно да се врати во Осимен, со нова богата понуда.
Осимен во Наполи пристигна за 70 милиони евра пред две години, а оваа сезона има 13 гола во Серија А.