Поранешниот шведски репрезентативец го напушти Арсенал.
Поранешниот играч на лондонскиот клуб беше помошник на Микел Артета, но одлучи да го напушти стручниот штаб на Арсенал.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Тој одлучи да започне самостојна тренерска кариера, па е во потрага на екипа каде ќе биде прв тренер.
Љунберг на крајот од годината еден месец го предводеше Арсенал кога Унаи Емери доби отказ, а потоа беше во стручниот штаб на Артета.
Претходно го предводеше јуниорскиот тим на Арсенал и беше асистен во германски Волфсбург.