Фудбалерот со најдолг стаж на Жузепе Меаца ги пакува куферите…
Како шшто пренесуваат голем дел од медиумите на Апенините, Јапонецот, Јуто Нагатомо го напушта Интер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Нагатамо наводно веќе е на пат за Инстанбул каде што најдоцна до вечер или утре би требало да ја заврши документацијата околу трансферот во редовите на Галатасарај.
Според информациите од Италија, Интер за шестмесечна позајмица ќе добие еден милиони евра, а на крајот на сезоната турскиот гигант ќе биде обврзан да го октупи Нагатомо за сума од осум милиони евра.
Со оглед на тоа каква улога имаше Нагатамо кај Лучијано Спалети ова е навистина добра работа за тимот од „Џузепе Меаца“.
Иначе, како што кажавме Нагатомо е фудбалерот со најдолг стаж во клубот, доколку не се сметаат Ранокија и Сантон кои имаа прекина и за скоро седум години во клубот одигра 210 натпревари, постигна 11 погодоци и запиша 18 асистенции. Во Интер пристигна од редовите на Чезена за сума од 6.5 милиони евра.