Дома Трансфер зона Јунајтед ја изненади Рома: Не го дава Смолинг!

Јунајтед ја изненади Рома: Не го дава Смолинг!

Како што дознава „Скај Спортс“, Манчестер Јунајтед не планира да го продава Крис Смолинг и играчот останува во плановите на Солскјер за следната сезона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Англискиот интернационалец започна одлично во Рома, па од „волчицата“ веднаш посакаа целосно да го откупат неговиот договор.

Сепак, Манчестер Јунајтед нема да се согласи на лесна продажба на својот дефанзивец кој изненадувачки си замина од клубот во последните моменти од преодниот рок.

Според „Скај Спортс“ засега нема никакви разговори помеѓу двата клуба за евентуален перманентен трансфер на Смолинг, а и да ги започне Рома, истите ќе бидат прекинати од Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…