Ајакс ја одби првата понуда од Манчестер Јунајтед за крилниот напаѓач, Ентони, која изнесувала 60 милиони евра.




22-годишниот Ентони блесна оваа сезона во дресот на Ајакс и се промовираше во еден од најголемите таленти во светот.




Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Бразилецот игра како крилен напаѓач и оваа сезона постигна 12 гола и 10 асистенции, па го привлече вниманието на многу европски гиганти.




Тен Хаг одлично го познава и сака да го донесе на „Олд Трафорд“, а раководството на „црвените ѓаволи“ испратила прва понуда од 60 милиони евра.




Меѓутоа, Ајакс експресно ја одбил понудата и за својот „бисер“ бара 20 милиони евра повеќе.
И самиот фудбалер сака да се пресели на „Олд Трафорд“, па Јунајтед сигурно ќе ги продолжи преговорите.