Aлексис Санчез многу веројатно наредната сезона нема да биде фудбалер на Манчестер Јунајтед.
Клубот од „Олд Трафорд“ има проблем со играчот кој беше платен премногу, а ништо не покажува на теренот, но сигирно ќе има големи тешкотии да најде клуб кој е заинтересиран да го купи Санчез.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според информациите на „Сан“, Солскјер не сака да го има Санчез во својот тим наредната сезона поради честите повреди и слабите настапи, па наводно смета дека парите од неговата плата може да се искористат многу подобро.
Платата на Санчез е навистина огромна, изнесува 25 милиони фунти годишно, доколку ги исполни сите бонуси, односно 391.000 фунти неделно, како и 75.000 за секој натпревар на кој ќе се појави. Тука се и бонусите во слчај да постигне гол или забележи асистенција, како и доколку Јунајтед победи.
Кој друг клуб би го платил толку ако се земе предвид неговата сегашна форма? Одговорот е лесен – никој.
Единствено решение можеби е позајмица до крајот на истекот од неговиот договот, но и во тој случај Манчестер Јунајтед ќе треба да плаќа дел од неговата плата, дел би плаќал клубот во кој би преминал. Тоа веројатно е единствениот начин Манчестер Јунајтед да ослободи барем дел од трошоците за Санчез.
Останува да видиме дали ќе се појават заинтересирани клубови.