Пол Погба на маса има понуда да стане најплатен играч во Премиер лигата, пренесуваат медиумите на Островот.
Договорот на Пол Погба со Манчестер Јунајтед истекува следното лето, па „црвените ѓаволи“ прават се за да го убедат да остане на „Олд Трафорд“.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
„Црвените ѓаволи“ му понудиле 5-годишен договор според кој Погба ќе стане најплатен фудбалер во Премиер лигата и ќе заработува 25 милиони евра по сезона.
Имајќи предвид дека Манчестер планира да му понуди петгодишна соработка, вкупната плата за дадениот период би изнесувала 125 милиони евра.
ПСЖ покажува сериозен интерес за Французинот, но Погба тешко дека ќе ја одбие ваквата понуда од „црвените ѓаволи“.