Италијанскиот шампион Јувентус веќе подолго време се обидува во своите редови да го донесе Иско, и се уште не се откажува од таа идеја.
Иско беше голема желба на поранешниот тренер Макс Алегри, но наводно и Маурицио Сари, кој најверојатно ќе биде нов кормилат на „старата дама“, дал зелено светло за трансферот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Иско имаше слаба сезона во Реал Мадрид и голема е веројатноста ова лето да си замине од „Сантиаго Бернабеу“.
Италијанскиот шампион е спремен да ја искористи таквата ситуација и веќе спремил понуда од 60 милиони евра за неговиот потпис.
Останува да се види каков ќе биде одговорот на „кралевите“, но наводно самиот фудбалер сака промена на средината и веќе го известил раководството.
Двата клуба имаат одлична соработка и се очекува брзо да најдат заеднички јазик околу трансферот.
Transfer news LIVE: Isco to become Maurizio Sarri’s first signing for Juventus, according to reports in Italyhttps://t.co/I9W0WYf8au pic.twitter.com/OtnlIWkae2
— Daily Record Sport (@Record_Sport) May 28, 2019