Јувентус има уште една разочарувачка сезона и заврши на 4-то место во Серија А, па на лето сигурно ќе има реконструкција на тимот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Алегри сака да го засили тимот за следната сезона да се бори за Скудетото и му посочил на раководството дека сака четири засилувања.
Првото заислување треба да биде Ди Марија, кој ќе формира напаѓачко трио заедно со Киеза и Влаховиќ.
На средината на теренот најголема желба е Милинковиќ-Савиќ, а би требало да пристигне и Леандро Паредес од ПСЖ.
Што се однесува до одбраната најголема желба е Милан Скриниар од Интер. Тој трансфер ќе биде тешка мисија за „старата дама“, а како алтернатива се споменува Габриел од Арсенал.