Италијанските медиуми тврдат дека Јувентус сака да го „украде“ Хакан Чалханоглу од редовите на Милан.
Турскиот репрезентативец во последно време игра во фантастична форма и е клучен играч кај „росонерите“, но проблем за Милан е што неговиот договор истекува на крајот на сезоната.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Милан сака по секоја цена да го задржи на „Сан Сиро“ и веќе започна преговори со неговиот агент, но двете страни се далеку од договор.
Ситуацијата будно ја следи Јувентус кој е спремен да ги задоволи финансиските барања на Чалханоглу и да го донесе на лето како слободен агент.
Милан ќе се обиде по секоја цена да избегне такво сценарио, а доколку играчот не стави потпис на нов договор до јануари, може да биде продаден.