Дома Фудбал Италија Јувентус против Комо го имаше најмладиот состав во последните 30 години

Јувентус против Комо го имаше најмладиот состав во последните 30 години

Eкипата на Јувентус изгледаше одлично во првото коло од Серија А во кое избраниците на Тијаго Мота славеа победа со 3:0 против новајлијата Комо.

Интересно е што составот со кој настапи Мота во првиот натпревар е најмладиот кој го имал Јувентус во последните 30 години. Мота му даде шанса и на непознатиот Мбагули. Младиот Белгиец кој играше во вториот тим минатата сезона постигна гол и асистираше, па така имаше деби за паметење.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Шанса по повредата на Тимоти Веа доби и Николо Савона, па јасно е дека Мота сака да им даде шанса на младите фудбалери кои имаат потенцијал.

Кога се засилувањата во прашање, договорен е Калулу од Милан и тој би требало да биде во конкуренција за настап веќе за следното коло. Освен тоа блиску до преселба во Торино се Копмајнерс од Аталанта и Нико Гонзалес од Фиорентина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…