Италијанската Серија А како и останатите првенства во Европа (освен во Белорусија) се прекинати поради пандемијата со коронавирусот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Фудбал во Италија се стопираше во 26. коло, на 12 кола пред крајот. Јувентус е лидер со бод повеќе од Лацио, додека Интер има девет бодови и еден натпревар помалку од лидерот.
Со оглед на ситуацијата во Италија која според последните бројки има над 80.000 заразени и над 13.000 починати можно е сценарио во кое првенството би се прекинало тука и не би се играло понатаму. Шампион во тој случај би требало да биде Јувентус.
Меѓутоа Јувентус порача дека нема да ја прифати таквата титула: Нема да прифатиме титула добиена на зелена маса.
Од италијанскиот шампион порачаа дека деветтото Скудето во низа и 36 вкупно ќе се обидат да го добијат на терен, а не со некаква одлука во канцеларија.
Ќе потсетиме фудбалерите на Јувентус прифатија намалување на платите додека трае кризата и така „старата дама“ заштеди 90 милиони евра.