Марио Манџукиќ за време на зимскиот преоден рок готово сигурно ќе ги напушти редовите на Јувентус.
Има многу клубови кои се поврзуваат со Манџукиќ, а не е исклучена ниту опцијата да се врати во Шпанија каде што веќе играше една сезона.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Медиумите во Италија пишуваат дека „старата дама“ за Манџукиќ бара фиксни шест милиони евра, а таа сума е прифатлива за Севиља која се вклучи во трката за неговите услуги.
До неодамна се шпекулираше дека Манчестер Јунајтед е практично договорена дестинација за хрватскиот напаѓач, но заминувањето на Олд Трафорд веќе и не е така извесно.
Наводно Манџукиќ е резервна опција за „црвените ѓаволи“, кои сепак остануваат во пол-позиција за неговиот потпис.