Дома Топ вести Јувентус носи големо засилување од Премиер лигата

Јувентус носи големо засилување од Премиер лигата

Јувентус започнал преговори за играчот на Астон Вила и бразилскиот репрезентативец, Даглас Луиз, пренесува Фабрицио Романо.

Неколку европски гиганти го сакаат Бразилецот, но Јувентус сака да ја победи конкуренцијата и веќе почнал преговори со агентот на играчот.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Приоритет на Јувентус во летниот преоден рок ќе биде доведување на квалитетен играч за врска, а Даглас Луиз е најголемата желба.

Даглас Луиз е еден од најдобрите поединци во Астон Вила, неодамна го продолжи договорот, но е спремен да ја промени средината.

Цената на Бразилецот е 50-60 милиони евра, но во трансферот би можел да биде вклучен и Мекени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…