Дома Фудбал Италија Јувентус не може да го исполни тоа што го бара: Дибала сам си ја чекираше картата за заминување

Јувентус не може да го исполни тоа што го бара: Дибала сам си ја чекираше картата за заминување

Аргентинскиот фудбалер Пауло Дибала би можел да го напушти Јувентус.

Неговите преговори со раководството на Старата дама не одат во добар правец, а проблем нормално се парите.

Дибала има договор со Бјанконерите до летото 2022. година. Клубот е подготвен да му го продолжи и му нуди осум милиони евра годишно плус бонуси.

Меѓутоа, Дибала сака повеќе пари. Тој од клубот бара дури 15 милиони евра по сезона и поради тоа преговорите ќе бидат прекинати.

Аргентинецот претходните денови се поврзува со заминување од Торино. Интерес за него покажува Реал Мадрид, кој наводно со 100 милиони евра ги нуди Тони Крос или Иско.

Останува да видиме што ќе се случи на крајот помеѓу Дибала и Јувентус, но за сега напаѓачот е далеку од продолжување на соработката и сам си ја чекираше картата за заминување од клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Манчестер Јунајтед би можел да го ангажира Андерсон ако Сити се казни

Манчестер Јунајтед може да добие нова шанса за потпис со Елиот Андерсон ако Манчестер Сити…