Дома Трансфер зона Јувентус најде замена за Алекс Сандро

Јувентус најде замена за Алекс Сандро

Јувентус е силно заинтересиран за левиот бек на Челзи и италијански репрезентативец, Емерсон Палмери, пренесува „Тутоспорт“.

27-годишниот италијански репрезентативец пружа одлични партии во Лига 1 каде игра на позајмица во Лион.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Палмери на крајот на сезоната ќе се врати во Челзи, но не е дел од плановите на Тухел и сигурно ќе биде продаден.

Јувентус сака да ја искористи таквата ситуација, бидејќи бара замена за Алекс Сандро, кој оваа сезона не ги задоволи очекувањата.

„Сините“ за слободата на Палмери бараат 20 милиони евра, а „бјанконерите“ наскоро ќе испратат понуда од 15 милиони евра плус бонуси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…