Дома Трансфер зона Јувентус му нуди и пари на Игуаин само да замине

Јувентус му нуди и пари на Игуаин само да замине

Јувентус на сите начини се обидува да се ослободи од Игуаин, но на „старата дама“ не оди.

Утрово се појави вест дека Јувентус и Рома постигнале договор за трансферот на Гонзало Игуаин, меѓутоа далеку од тоа дека е се завршено.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Имено, Партичи и Петраки постигнале договор за позајмица од шест милиони евра со можност Рома да го откупи Игуаин за 27 милиони евра на крајот од сезоната.

Игуаин сака да остане и има уште две години од договорот, меѓутоа проблемот е во тоа што клубот сака да го доведе Мауро Икарди.

Сега како дополнување на веста утрово се појави информација дека Јувентус му нуди пари на Игуаин за да го прифати договорот со Рома. Според она што го пренесуваат Италијанците Јувентус на Игуаин му нуди пет милиони евра. Меѓутоа засега не е јасно дали станува збор за пет милиони за целиот договор или за пет милиони евра по година, второто би значело дека Аргентинецот би го напуштил Јувентус со 10 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…