Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан и Јувентус се борат за потписот на играчот на Рома, Брајан Кристанте.
Италијанскиот репрезентативец одби да го продолжи договорот и на лето сигурно ќе ја напушти Рома, па веќе започна битката за неговиот потпис.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
27-годишниот Кристанте може да игра на сите позиции во средниот ред и има договор со Рома до 2024 година.
„Волчицата“ е спремна да го пушти и за неговата слобода бара помеѓу 15 и 20 милиони евра.
Покрај Милан и Јувентус интерес за Кристанте покажува и Севиља.