Дома Трансфер зона Официјално: Рома го откупи Кристанте!

Официјално: Рома го откупи Кристанте!

23-годишниот играч за врска и повремен италијански репрезентативец, Брајан Кристанте и официјално стана фудбалер на Рома откако „волчицата“ го откупи неговиот договор од Аталанта.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Римскиот клуб минатото лето на Аталанта и плати 5 милиони евра за позајмица на Кристанте, а сега се реши во целост да го откупи договорот на играчот и за таа цел ќе доплати 15 милиони евра.

Сега Кристанте е во целосна сопственост на Рома, а Аталанта може да заработи додатни 10 милиони евра преку бонуси.

Кристанте кариерата ја започна во Милан, а потоа се пресели во Аталнта каде доживеа целосна афирмација. Минатото лето пристигна во Рома и се ибори за место во првиот тим па запиша 31 настап до сега на кој постигна 4 гола и запиша 3 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…