Дома Топ вести Јувентус започна преговори за играч на Манчестер Јунајтед

Јувентус започна преговори за играч на Манчестер Јунајтед

Раководството на Јувентус започнало преговори со Манчестер Јунајтед за евентуален трансфер на Дони ван де Бек во јануари, пренесуваат италијанските медиуми.

Холанѓанецот минатото лето пристигна на „Олд Трафорд“, но не успеа да го покаже својот потенцијал во првата сезона и често ја грееше клупата за резерви.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Иако силно се шпекулираше дека ќе го напушти клубот ова лето, сепак Ван де Бек одлучи да остане и да се бори за место во тимот.

Меѓутоа, неговиот агент потврди дека Холанѓанецот е спремен да ја промени средината во јануари, а Јувентус сака да ја искористи ситуацијата.

Алегри не е задоволен од играта на Рамзи и Мекени, па како примарна трансфер цел го посочил 24-годишниот Холанѓанец.

„Старата дама“ започнала преговори со Манчестер Јунајтед и го сака играчот на позајмица со можност за откуп на крајот на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…