Јувентус е пред комплетирање на трансферот на бразилскиот талент од Сантос, Кајо Жорге, пренесуваат италијанските медиуми.
Овој 19-годишен напаѓач важи за најголен талент во Бразил, а неговиот договор со Сантос истекува во декември.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Иако Милан важеше за голем фаворит за неговиот потпис, сепак Јувентус успеа да ја победи конкуренцијата.
„Газета дело Спорт“ пренесува дека „бјанконерите“ постигнале комплетен договор со агентите на Кајо Жорге и го известиле Сантос за тоа.
Јувентус е спремен да плати симболична сума за да го добие Бразилецот веднаш, во спротивно напаѓачот ќе дојде во Торино во декември без обештетување.