Еден од приоритетите на Јувентус во овој преоден рок ќе биде централен напаѓач.
„Бјанконерите“ имаат намера да доведат некој кој нема скапо да го платат, а во игра се две имиња.
Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓
Една од опциите е Фернандо Љоренте кој веќе во минатото го носеше дресот на „старата дама“, а втората е напаѓачот на Каљари, Лука Паволети.
Теретот на првиот дел од сезоната на свој грб го изнесоа Кристиано Роналдо и Алваро Мората, додека Паоло Дибала разочара.
Желба на Јувентус е и Оливие Жиру, но според најавите од Италија Французинот во овој момент е прескап за клубот од Торино.