Барса летото 2016. година го доведе пред носот на Јуве, кој сега би сакал да ја исправи грешката.
Како што пренесуваат италијанските медиуми, Јуве повторно е заинтересиран во своите редови да го доведе португалскиот репрезентативец, Андре Гомеш. „Старата дама“ играчот на Барса се обиде да го доведе и во 2016. година, но Барса беше побрза, па Гомеш од Валенсија се пресели на „Камп Ноу“. Сепак, таму не се снајде, па во Јуве година и половина подоцна би можел да ја исполни својата желба.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Управата на италијанскиот шампион се надева дека ќе ја убеди Барса да го пушти Португалецот во јануари, а се верува дека Гомеш би можел да се пресели во Торино и за малку пари, поради тоа што Гомеш не е во првите планови на Валверде.
Сепак, Јуве нема да има така лесна работа, бидејќи како што пишваат италијанските медиуми за потписот на Андре Гомеш ги чека голема конкуренција од еден од најголемите клубови во Премиер лигата.