Дома Трансфер зона ЈУВЕ НЕ ЗАПИРА: Ново ГОЛЕМО засилување од Шпанија за 20 милиони евра?

ЈУВЕ НЕ ЗАПИРА: Ново ГОЛЕМО засилување од Шпанија за 20 милиони евра?

Јувентус прави одлична работа ова лето кога станува збор за трансферите.

„Бјанконерите“ го доведоа Кристиано Роналдо во за сега најголемиот трансфер на летото, а во Торино се подготуваат за дополнителни трошоци за да создадат тим каков што сакаат.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Следната мета е уругвајскиот стопер Диего Годин. Јуве го сака искусниот дефанзивец во своите редови за дополнително да го засили овој дел од екипата и не треба да не изненади ако 32-годишниот фудбалер ги засили редовите на клубот од Торино.

Атлетико е подготвен да го продаде Годин. Поставија цена од 20 милиони евра, а торинскиот тим наводно веќе договори тригодишен договор вреден четири милиони евра по сезона со одличниот стопер. Доколку дојде до трансфер, Годин без дилема ќе биде големо засилување во дефанзивата, а станува фудбалер кој зад себе има стотицни важни натпревари во нозете.

Годин е член на Атлетико веќе осум години, а претхдно играше уште за Виљареал и за уругвајските екипи Национал и Серо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Слот пронајде наследник на Салах во Серија А: Ливерпул плаќа 85 милиони евра?

Како што стојат работите Ливерпул направи одличен потег со доведувањето на Арне Слот на кл…