Дома Трансфер зона Јуве во еден ден украде две ѕвезди од Англија: Една од Ливерпул, друга од Арсенал

Јуве во еден ден украде две ѕвезди од Англија: Една од Ливерпул, друга од Арсенал

Во Јувентус сериозно се загрижени поради сегашната состојба на табелата во Серија А. Интер е прв, втор е Наполи, а „Старата дама“ е дури трета.

Управата на Јувентус семта дека клубот мора да се засили во јануарскиот трансфер период, за да може адекватно да одговори на предизвиците на повеќе фронтови, и во Италија и во Лигата на Шампионите.


Денеска беше откриено дека се е договорено со играчот на Ливерпул и Германија, Емре Чан, а италијанските и англиските медиуми пишуваат дека во јануари во Торино ќе пристигне уште еден германски репрезентативец од Премиер лигата.

Станува збор за дефанзивецот на Арсенал, Шкордан Мустафи, кој би требало да ја пополни дупката која настана со заминувањето на Бонучи во Милан. Мустафи во Арсенал пристигна од Валенсија во 2016. година. Оваа сезона одигра вкупно девет натпревари во дресот на „Топчиите“ и постигна еден гол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…