Дома Останати Кошарка НБА Јокиќ постигна 53 поени, но Феникс изедначи против Денвер 🎥

Јокиќ постигна 53 поени, но Феникс изедначи против Денвер 🎥

Тимот на Феникс на домашен терен го совлада Денвер со 129:124 и така изедначи на 2:2 во серијата во полуфиналето на Западот.

Не беше доволен ниту одличниот настап на Никола Јокиќ кој постигна 53 поени. На српскиот кошаркар му недостасуваше помошта од соиграчите, Џамал Мареј постигна 28, доидека Арон Гордон и Портер само по 11.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Предводници на Санс беа Девин Букер и Дурент со по 36 поени, додека Лендри Шамет додаде 19. Сега серијата се враќа во Денвер во 5-тиот натпревар.

До изедначување на 2:2 дсојде и Филаделфија на Истокот откако по продолженија беше подобра од Бостон со 116:115.

Најдобар во редовите на Филаделфија беше Џејмс Харден со 42 поени, дабл-дабл запиша и Ембид со 34 поени и 13 скока. Кај Бостон Тејтум стигна до дабл-дабл од 24 поени и 18 скока, Џејлен Браун уфрли еден поен помалку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Постигнат договор: Поранешен соиграч на Меси ќе биде нов тренер на Интер Мајами

Интер Мајами повторно ќе има аргентински тренер. По заминувањето на Герардо Мартино клупат…