Дома Останати Кошарка НБА Јокиќ повторно блескаше, Денвер води со 2:0

Јокиќ повторно блескаше, Денвер води со 2:0

Никола Јокиќ со уште еден одличен настап беше предводник на Денвер до победа со 98:87 против Феникс за водство од 2:0 во полуфиналната серија на Западот.

Јокиќ го заврши натпреварот со 39 поени, 16 скока и пет асистенции, две украдени топки и три загубени топки. Во редовите на Феникс, Букер постигна 35 поени, Дуранат застана на 24.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Интересна беше и сцената во која ќерката на Јокиќ од трибините покажуваше нешто со прстот, а на ист начин возврати и Јокиќ од теренот. Симболиката не е позната, но може да се очекува нејзиниот татко да го освои прстенот на крајот од сезоната.

Филаделфија стигна до водство со Бостон откако на домашен терен ги совлада со 115:119. Харден беше лидер со 45 поени, додека Тејтум го заврши мечот со 39 поени и 11 скока.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…