Tимот на Минесота поведе со 2:0 во серијата во полуфиналето на Западната конференција откако славеше и во вториот меч како гостин против Денвер.
Оваа пресметка Минесота ја доби многу поубедливо со 106:80, па така бранителот на тронот е во тешка ситуација бидејќи во следните две средби Минесота ќе биде домаќинот.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Како ретко кога, Денвер изгледаше немоќно, лошо го започна мечот и по првата четвртина губеше со 20:28. Клучна беше втората четвртина која Минесота ја доби со 33:15, а на пауза замина со убедлвии 26 разлика (61:35) и тука веќе се најавуваше вториот пораз за Јокиќ и друштвото.
Во вториот дел Денвер во ниту еден момент не успеа да се доближи и да го загрози водството на противникот.
Немаше одговор Денвер за тандемот Едвардс-Таунс, двајцата уфрлија по 27 поени. Јокиќ беше блиску до трипл-дабл, но со послаби бројки (16 поени, 16 скока и осум асистенции). Гордон поентерски беше најефикасен кај Денвер со 20 поени. Целосно запрен беше Џамал Мареј кој имаше само осум поени и шут од игра 3/18.
Во полуфиналето на Истокот помеѓу Њујорк и Индијана славеа домаќините со 121:117, благодарение на Брансон кој постигна 43 поени.