Изминатата вечер се играа нови натпревари во НБА лигата, а за првпат на паркетот оваа сезона истрча и Никола Јокиќ.
Српскиот центар во победата на Денвер над Феникс Санс 110:98 стигна до дабл-дабл од 27 поени и 13 скокови. До победата екипата на Мајк Мелоуни дојде благодарение на подобрата игра во последните две четвртини.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имаше Денвер иницијатива и на почетокот, но Санси беа значително подобри во втората и во еден момент водеа и со 57:41. Сепак, после паузата Денвер целосно го контролираше натпреварот и стигна до победа.
Јокиќ беше најдобар во победничкиот тим, натпреварот го заврши со 27 поени, 13 скокови, 2 асистенци и 2 украдени топки. Вили Бартон уфрли 20 поени, 6 скокови и 5 асистенци. Мајкл Портер додаде 15. Во редовите на Санси Бриџис имаше 16 поени, Крис Полс броеше до 15 поени и 10 асистенци, 15 поени уфрли и Диандре Ејтон.
Треба да се истакне и добрата вечер на Јусуф Нуркиќ кој во поразот на Портланд од Сакраменто Кингс. Нуркиќ оствари солиден учинок од 20 поени и 14 скокови. Сепак, најдобар кај Блејзерс беше Си Џеј Моколум со 34 поени. Во редовите на победничкиот тим Харисон Барнс запиша 36 поени и 9 скокови.
До дабл-дабл стигна и Никола Вучевиќ кој оствари 15 поени и 15 скокови во победата на Чикаго против Детроит Пистон од 94:88.
НБА: Шарлот – Индијана 123:122, Детроит – Чикаго 88:94, Њујорк Никси – Бостон 138 – 134 (после продолженија), Торонто – Вашингтон 83:98, Мемфис – Кливленд 132:121, Минесота – Хјустон 124:106, Њу Орлеанс – Филаделфија 97:117, Сан Антонио – Орландо 123:97, Јута – Оклагома 107:86, Феникс – Денвер 98:110, Портланд – Сакраменто 121:124